(Видео) Торнадо ја погоди западна Сицилија: двајца повредени, превртени автомобили, оштетени згради…

(Видео) Торнадо ја погоди западна Сицилија: двајца повредени, превртени автомобили, оштетени згради…

пред 2 часа

Ретко торнадо денес ја погоди западната обала на Сицилија, оставајќи зад себе оштетени згради и превртени возила во Марсала и околните области. Две лица се сериозно повредени откако торнадото го погодило нивниот автомобил во близина на Петрозино и го исфрлило од патот. Според извештаите на италијанските медиуми, невремето започнало како двоен вртлог над морето во близина на пристаништето во Марсала, пред да се придвижи кон внатрешноста на копното.

Торнадото предизвика значителна штета во градовите Марсала, Петрозино и Мазара дел Вало. Во населбата Теренове во Марсала, училиштето „Алчиде Де Гаспери“ претрпе големи оштетувања; локалните медиуми објавија снимки на кои се гледаат скршени прозорци и делумно урнат таван.

На други локации во градот беа превртени автомобили и камиони, а на земјата имаше урнати далноводи. Уништена е и една куќа. Службите за итни интервенции се на терен и работат на санирање на штетите, објавуваат медиумите.

Салваторе Кочина, шеф на Агенцијата за цивилна заштита на Сицилија, изјави за Ројтерс дека настанот бил невообичаено жесток. „Беше речиси како американско торнадо; никој не памети нешто со таков интензитет“, рече Кочина.

Тој објасни дека Цивилната заштита уште во септември предупредила на можноста за екстремни временски услови оваа есен. Како причина ја наведоа топлината акумулирана во морето по исклучително жешкото лето.

„Ова уште еднаш го истакнува проблемот со екстремните временски настани, кои станаа карактеристика на последните години поради климатската криза“, додаде Кочина.

Претседателот на регионот Сицилија, Ренато Шифани, најави издвојување на посебни средства за итни случаи. Предупредувањето за временските услови на Сицилија останува на сила и за утре, бидејќи продолжуваат дождовите и невремето.

Текстот (Видео) Торнадо ја погоди западна Сицилија: двајца повредени, превртени автомобили, оштетени згради… е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top