(Видео) Трамп на прв голем собир по изборите: Имавме огромна победа

пред 3 години

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, на првиот одржан митинг по напуштањето на Белата куќа вчера ја нападна имиграциската политика на неговиот наследник Џо Бајден и побара од приврзаниците да им помогнат на републиканците да го вратат мнозинството во Конгресот.

Иако, тој држеше говори на митинзи на Републиканците по поразот на минатогодишните претседателски избори, митингот во Охајо е враќање на масовните митинзи кои беа клучни за одржување на поддршката во неговата база, т.н. МАГА-настани (според кратенката – Make America Great Again).

Трамп ја напушти функцијата откако неговите приврзаници го нападнаа Капитол на 6 јануари, кратко по говорот во кој повтори дека се украдени изборите во 2020 година и дека тој е нивниот вистински победник.

Во саботатата, пред илјадници негови приврзаници, тој повтори нешто од неговиот редовен список со критики, а освен што ги критикуваше изборите во САД, тој зборуваше особено за зголемениот број имигранти кои влегуваат во САД преку јужната граница.

„Имавме огромна победа, тие направија нешто што никогаш не смееше да се дозволи“, рече Трамп за изборите.

„Ќе го вратиме Претставничкиот дом, ќе го вратиме Сенатот и ќе ја вратиме Америка и тоа ќе го сториме наскоро“, нагласи тој.

Демократското слабо мнозинство во двата дома на Конгресот ќе биде ставено на тест на изборите во средината на 2022 година, а историјата ги фаворизира шансите на републиканците да добијат места на нов.

По митингот во Охајо, Трамп планира да зборува на Флорида по повод празникот 4 јули, а следната недела ќе отпатува на јужната граница меѓу САД и Мексико.

Share
Scroll to Top