(Видео) Трамп практично му се закани на Иран со воено злосторство, Белата куќа застана во негова одбрана

(Видео) Трамп практично му се закани на Иран со воено злосторство, Белата куќа застана во негова одбрана

пред 2 часа

Белата куќа застана во одбрана на заканата на претседателот Доналд Трамп за напад на инфраструктурата за десалинизација, клучна за обезбедување вода за пиење на Иран, додека ја минимизираше можноста бомбардирањето на такви цивилни цели да претставува воено злосторство според американскиот закон и меѓународните договори во кои САД се дел, објави „Индипендент“.

На прашањето за предупредувањето на Трамп дека ќе им нареди на американските сили да ја нападнат иранската цивилна инфраструктура доколку Техеран не се согласи со условите за прекин на огнот, портпаролката Каролин Ливит синоќа изјави дека „најдобрата опција на иранскиот режим е да склучи договор, во спротивно ќе има последици“.

„Војската на Соединетите Американски Држави има капацитети што ги надминуваат моите замисли, а претседателот не се плаши да ги користи“, рече Ливит, отфрлајќи го прашањето на новинарот зошто заканата на Трамп не е во спротивност со ставот на администрацијата дека Соединетите Американски Држави не ги таргетираат цивилите во војна.

„Оваа администрација и војската на Соединетите Американски Држави секогаш ќе дејствуваат во рамките на законот, но претседателот Трамп ќе продолжи да ги следи сите цели на операцијата ‘Епски гнев’ без двоумење и очекува иранскиот режим да постигне договор“, додаде таа.

Потоа Ливит одби да одговори на дополнителното прашање за тоа како уништувањето на објектите што произведуваат вода за пиење за 92 милиони Иранци би помогнало во остварувањето на наведените воени цели на администрацијата, како што се уништување на иранската морнарица, инфраструктурата за балистички ракети и спречување на Иран да добие нуклеарно оружје.

Одбраната на Трамп за заканата дојде само неколку часа откако тој самиот повтори дека американските борбени авиони ќе ги бомбардираат иранските електрани и постројки за десалинизација доколку Техеран не постигне договор и не дозволи Ормускиот теснец „веднаш да биде „отворен за работа““.

Текстот (Видео) Трамп практично му се закани на Иран со воено злосторство, Белата куќа застана во негова одбрана е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top