(Видео) Трамп се обрати до јавноста по поразот

пред 3 години

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, од Белата куќа зборуваше за коронавирусот и стратегијата за вакцинација. Трамп не одговараше на прашањата на новинарите десетина дена и ова беше негово прво јавно обраќање по поразот од Џо Бајден.

Тој ја спомна својата администрација, коментирајќи дека таа нема да дозволат затворање на земјата поради пандемијата. Се осврна и на најавата на „Фајзер“ за вакцина која покажала 90 проценти ефикасност.

„Вакцината ќе биде бесплатна за секого, дадовме многу пари за да ја добиеме вакцината. Истражувањето обично трае од 8 до 12 години, а вакцината ќе ја добиеме за помалку од една година. Тоа е пет пати побрзо од најбрзата вакцина досега. Да беше друга администрација, тоа ќе траеше неколку години. Три други вакцини се тестираат и ќе се произведуваат масовно, а вакцината ќе им биде дистрибуирана на здравствените работници и ризичните групи во рок од неколку недели“, рече тој.

Американските медиуми објавија дека Трамп по неговото обраќање не одговарал на новинарски прашања.

Изборите ги коментираше повторно на „Твитер“, каде се осврна на тврдењата за изборни нерегуларности. Тој објави дека планира да ги поддржи неговите приврзанинци кои протестираат во Вашингтон.

„Душата ми ја грее глетката на оваа огромна поддршка, особено оние спонтани собири што никнуваат низ целата земја, вклучително и еден голем собир во сабота во Вашингтон. Можно е да дојдам и да ги поздравам”, напиша тој.

Пред скоро една недела, американските медиуми ја прогласија победата на Бајден, но Трамп сè уште не сака да го признае тоа.

Share
Scroll to Top