(Видео) Турски воени бази нападнати од курдски милитанти

пред 3 години

Турската армија рано утрово била цел на курдски милитанти, објави Министерството за одбрана на земјата.

Главните цели на нападот биле две воени бази на истокот на земјата, поточно Командата за беспилотни воздушни системи во провинцијата Батман и Kомандата на 23-та пешадиска дивизија во провинцијата Ширнак.

Курдите користеле беспилотни летала, а како што соопшти турското Министерство за одбрана, нема жртви и материјална штета.

Share
Scroll to Top