Четворица пожарникари се повредени во напад на украинско беспилотно летало на територијата на индустриската зона Џержинск во областа Нижни Новгород, соопшти гувернерот Глеб Никитин.
„Системите за противвоздушна одбрана и радио-електронско војување синоќа одбија напад со беспилотни летала на територијата на индустриската зона Џержинск. Според прелиминарните податоци, четворица припадници на противпожарната служба распоредени на територијата на индустриската зона се здобиле со полесни повреди од шрапнели. “ напиша Никитин на Телеграм.
BREAKING:
Ukrainian drones attacked explosives factory in Russia's Nizhny Novgorod region.
The Russian Defense Ministry said 110 drones were launched over 7 regions of Russia. pic.twitter.com/5t8D91kSUk
— NEXTA (@nexta_tv) October 20, 2024
Тој изјави дека на повредените им била укажана потребната лекарска помош и дека се пуштени на домашно лекување. Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа во регионот биле елиминирани осум дронови .
„Некста“ пренесува дека украински беспилотни летала нападнале фабрика за експлозиви во Нижни Новгород. „Киев пост“ пренесува дека се работи за фабриката „Свердлов“ во Џержинск. А рускиот канал ШОТ на Телеграм наведува дека беспилотните летала се обиделе да ја погодат фабриката Свердлов, на околу 400 километри источно од Москва. Фабриката, еден од најголемите производители на експлозиви користени од руските сили во војната против Украина во февруари 2022 година, е предмет на санкции од САД и ЕУ, според Ројтерс.
„Уништени 110 украински беспилотни летала“
Во текот на ноќта руските системи за противвоздушна одбрана уништија 110 украински беспилотни летала над седум руски региони – Курск, Липецк, Орел, Нижни Новгород, Белгород, Брјанск и Москва, соопшти Министерството за одбрана.
Russia: Ukrainian drones struck the Sverdlov explosives factory Dzerzhinsk, Nizhny Novgorod.
It is a key facility for manufacture of bombs, missile warheads, and other explosive devices for the Russian military.
360km east of the Kremlin. pic.twitter.com/AgmQgTAd98— Igor Sushko (@igorsushko) October 20, 2024
Министерството објави дека е спречен „обид за терористички напад“ со помош на дронови против цели во Русија.
„Дежурните системи за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 110 украински беспилотни летала: 43 над територијата на регионот Курск, 27 над регионот Липецк, 18 над регионот Орила, осум над територијата на регионот Нижегород, седум над регионот на Белгород, шест над Брјанската област и една на територијата на Московската област“, се наведува во соопштението.
Текстот (Видео) Украина ја бомбардира Русија со дронови, еден стигна до Москва е превземен од МАКФАКС.