(Видео) Француската морнарица пресретна руски танкер во Средоземјето, објавена снимка

(Видео) Француската морнарица пресретна руски танкер во Средоземјето, објавена снимка

пред 2 часа

Француската морнарица, дејствувајќи врз основа на разузнавачки информации од Обединетото Кралство, вчера пресретна танкер што превезувал руска нафта во Средоземното Море. Операцијата беше насочена кон санкционираната „флота во сенка“ на Русија. Француската морнарица денес објави снимки од операцијата.

Француската поморска власт за Средоземјето соопшти дека се сомневале дека бродот, наречен „Гринч“, плови под лажно знаме. Француската морнарица, чии специјални сили се качиле на танкерот, го придружувале бродот до пристаништето за понатамошни проверки, се додава во соопштението.

Приходите од нафта се клучен дел од руската економија, што му овозможува на претседателот Владимир Путин да инвестира во воените напори во Украина без да ја влоши инфлацијата за населението и да избегне колапс на валутата.

Франција и други земји ветија дека ќе се справат со „флотата во сенка“ на танкери за нафта што ги кршат санкциите, за кои експертите проценуваат дека брои повеќе од 400 бродови. Тие исто така се обидуваат да обезбедат договори со земјите под чии знамиња пловат бродовите за да се олесни качувањето на нив.

„Решени сме да го почитуваме меѓународното право и да обезбедиме ефикасно спроведување на санкциите“, рече францускиот претседател Емануел Макрон во изјава за пресретнувањето, заедно со фотографија на која се гледа француски хеликоптер како лебди над бродот.

„Активностите на флотата во сенка придонесуваат за финансирање на агресивната војна против Украина“, додаде Макрон.

Текстот (Видео) Француската морнарица пресретна руски танкер во Средоземјето, објавена снимка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top