(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

пред 3 години

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици меѓу нив. Инцидентот се случи откако опозицијата ја напушти собраниската сала.

Претходеше жестока дебата на опозицијата со министерката за надворешни работи, Доника Гервала по што пратеникот од редовите на ПДК, Абелард Тахири побара разрешување на министерката Гервала.

Министерката за образование и наука Арбери Нагавци изјави дека сакала да ги смири пратениците и дека пратеникот од ДПК, Хајдар Беша ја турнал, а таа возвратила со иста мерка, пренесува „Газета експрес“.

„ Тоа беше голема група пратеници на чија средина беше потпретседателот на Собранието, Саранда Богујевци. Богујевци ги замоли пратениците кои сакаат да ја напуштат салата и оние кои сакаат да останат на седницата. Се обидов да интервенирам и да ја отстранам Богујевци од таа ситуација. Ја видовте реакцијата на пратеникот од редовите на ДПК, Хајдар Беца, кој ме поттурна и јас возвратив“, рече Нагавци.

Share
Scroll to Top