Додека голем број луѓе се собираат пред зградата на Националното собрание во Сеул, преносот во живо од внатрешноста на јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ покажува и луѓе кои се собираат вo внатрешноста на зградата.
Во последниот половина час снимена е сцена во која група луѓе се обидува да ја пробие вратата, викајќи гласно.
⚡️ People in South Korea have taken to the streets to protest against the declaration of martial law. pic.twitter.com/Z90rLHTany
— सिद्धार्थ कूकना (@sidkukna) December 3, 2024
„Јонхап“ објави дека само членови на Националното собрание, други вработени и новинари смеат да влезат.
Претходно имаше информации дека претседателот на парламентот планира седницата да ја започне во зградата.
Покрај силното полициско присуство пред јужнокорејскиот парламент, се појавија и слики од хеликоптери кои кружат на небото.
Според извештајот на новинската агенција АФП, некои хеликоптери слетале на покривот на парламентот.
People in South Korea have taken to the streets to protest against the declaration of the Martial law.
— Aman1 (@Aman14038377) December 3, 2024
Пратеникот Хонг Ки-вон ги потврди претходните информации за „Би-Би-Си“ дека лидерот на главната јужнокорејска опозиција, Демократската партија, ги повикал сите свои членови да се соберат во парламентот.
Во моментов во собранието има околу 70 пратеници од опозицијата, а останатите се собираат надвор од него, вели тој.
Кога ќе пристигне претседателот Ву Вон-шик, тој ќе повика на гласање за ставање крај на воената состојба, додаде Хонг.
Хонг, исто така, споменува дека му било кажано дека припадниците на специјалните сили на армијата се во зградата на собранието.
„Јонхап“ претходно објави дека војската наредила забрана за парламентарни активности, откако претседателот на Јужна Кореја прогласи воена состојба.
Текстот (Видео) Хаотично во собраниската зграда во Јужна Кореја е превземен од МАКФАКС.