(Видео) Чавушоглу во Баку: Тука сме за да им дадеме поддршка на азербејџанските браќа

пред 3 години

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пристигна во Азербејџан, каде што се состана со претседателот Илхам Алиев и други претставници на азербејџанската влада.

По слетувањето на аеродромот во Баку, Чавушоглу на „Твитер“ напиша дека отпатувал во Азербејџан за да го поддржи братскиот азербејџански народ.

„Ние сме во Баку за да ја изразиме поддршката и солидарноста на нашата држава и нација на братскиот Азербејџан“, напиша тој.

Чавушоглу се очекува да разговара за состојбите во Нагорно-Карабах со азербејџанските власти, како и за други регионални и меѓународни прашања.

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган зборуваше за конфликтот во Нагорно Карабах, велејќи дека Ерменија мора да ја напушти окупираната азербејџанска територија.

Share
Scroll to Top