(Видео) Шест деца и учител убиени во пукање во Русија

пред 3 години

Според првичните информации од руските медиуми, шест деца и наставник биле убиени во пукање во рускиот град Казањ.

Евакуацијата на децата од училиштето е во тек.

Претходно беше објавено дека непознати лица отвориле оган во близина на образовната институција, а подоцна се слушнала и експлозија.

Се наведува дека пукањето го извршил тинејџер, кој веќе е приведен од страна на полицијата.

Share
Scroll to Top