(Видео) Шокантни сцени од Тајван: Децата ги извлекуваат од прозорец од зграда што се урива

(Видео) Шокантни сцени од Тајван: Децата ги извлекуваат од прозорец од зграда што се урива

пред 1 година

Најмалку седум лица загинаа во разорниот земјотрес што го погоди Тајван. Овој земјотрес со јачина од 7,4 степени е оценет како најмоќниот што го погодил островот во последните 25 години, а доказ за тоа се бројните видеа снимени на социјалните мрежи.

Едно од видеата покажува човек кој се обидува да спаси деца од нешто што изгледа како урната зграда. Имено, тој низ прозорецот извлекува едно дете од урнатините.

Еден од жителите на Оушн Каи рекол дека е навикнат на земјотреси, но дека на почетокот потресите не биле интензивни. Но потоа станало хаотично.

„Штотуку станав од креветот кога полицата за облека и шкафот паднаа“, рече тој. „Падна и полицата со книги“, додаде тој.

Јапонија и Филипините ги укинаа предупредувањата за цунами, а претседателот Цаи Инг-вен рече дека војската на Тајван ќе биде вклучена во спасувачките операции.

Текстот (Видео) Шокантни сцени од Тајван: Децата ги извлекуваат од прозорец од зграда што се урива е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top