(Видео) Шолц се смееше на новинарско прашање за Украина

пред 2 години

Германскиот канцелар Олаф Шолц пукна од смеење на прашањето како членовите на групата Г7 планираат да гарантираат безбедност по завршувањето на руско-украинскиот конфликт.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Постои ветување за безбедносни гаранции од Г7 за Украина по војната. Можете ли да ги прецизирате? – е прашањето на новинарот до германскиот канцелар, кој побара од Шолц повеќе детали за безбедносните гаранции што може да ги очекува Киев.

Германскиот канцелар потоа се насмеа. Следуваше долга „драматична пауза“ во која новинарите очекуваа одговор од германски функционер.
Наместо тоа, Шолц одговори: „Тоа би било сè“.

Ставот на самитот на Г7 беше наведен во завршната изјава, што ја покажува решеноста на водечките западни земји да понудат „одржливи безбедносни обврски за да и помогнат на Украина да се одбрани и да ја обезбеди својата слободна и демократска иднина“, пренесува RT.

Документот беше објавен во вторникот откако украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на лидерите на Г7 со видео врска. Тој ги повтори барањата на Киев да воведе повеќе санкции кон Русија. Според извори блиски до европските државници, тој побарал повеќе системи за противвоздушна одбрана.

Зеленски додаде дека сака непријателствата со Русија да завршат со победа на неговата нација пред крајот на годината.

Share
Scroll to Top