Најмалку 15 лица загинаа, а пет се повредени во пожар во приватен дом за стари лица во источниот украински град Харков, соопштија денеска службите за итни случаи. Деветмина луѓе успеале да се спасат.
Пожарот избувнал на вториот спрат од двокатната зграда во 15:03 часот по локално време. Во објектот имало 33 лица, соопштија службите.
BREAKING – At least 15 people were killed and five injured in a fire in a nursing home in the town of #Kharkiv in eastern #Ukraine
Follow @newsistaan pic.twitter.com/hhCcgCy3Zw
— Newsistaan (@newsistaan) January 21, 2021
На фотографиите се гледа дека зградата има решетки на прозорците на првиот кат.
Пожарот бил изгаснат во 16:14 часот, а во гаснењето учествувале 28 пожарникари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од министерот за внатрешни работи да отвори истрага за инцидентот.