Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

пред 3 години

Земјите од Вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен Мини-Шенген) од страна на Северна Македонија, Србија и Албанија.

„Веруваме дека таквата тесна соработка меѓу земјите од Западен Балкан придонесува за стабилноста и развојот на регионот“, се наведува во изјавата на претставниците на Вишеградската група.

Како што е посочено, земјите од Вишеградската група продолжуваат да го поддржуваат забрзувањето на процесот на проширување на ЕУ.

Изјавата ја потпишаа министрите за надворешни работи на Вишеградската група, Петер Сијарто од Унгарија, Јакуб Кулханек од Чешка, Иван Корчок од Словачка и Збигњев Рау од Полска.

На вчерашниот самит во Скопје, премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ ја преименуваа регионалната иницијатива „Мини-Шенген“ во „Отворен Балкан“ и потпишаа три договори што ќе ја олеснат трговијата во регионот и овозможуваат единствен пазар на труд но и взаемна помош во итни ситуации, потсетуваат медиумите во регионот.

Share
Scroll to Top