Владата на Велика Британија планира да запали неупотреблива ковид опрема?

пред 2 години

Владата на Обединетото Кралство планира да запали огромна количина на неупотреблива лична заштитна опрема, купена за време на пандемијата на коронавирус, пренесуваат британските медиуми.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Вредноста се проценува на 4,7 милијарди евра, објави во петокот надзорната организација за јавна потрошувачка.

Идејата за палење маски за лице, хируршки наметки и друга лична заштитна опрема не го импресионираше надзорниот одбор, пишува во новинарските извештаи.

Комисијата, како што пренесуваат медиумите, истражува како владата потрошила четири милијарди фунти или 4,7 милијарди евра за лична заштитна опрема што мора да се фрли бидејќи е неисправна или не ги задоволува стандардите на ОК.

Собраниската Комисија за јавни набавки соопштила дека владата планира да располага со 15.000 палети опрема месечно со комбинирање на рециклирање и согорување.

„Трошоците за отстранување на вишокот и неупотреблива опрема, како и влијанието врз животната средина се нејасни“, изјавиле од Комитетот.

Пат Кален, извршен директор на Кралскиот колеџ за медицински техничари, ја обвинил владата дека „претвора милијарди фунти во чад“.

Комитетот открил дека Министерството за здравство изгубило 75 отсто од 12 милијарди фунти (околу 14,1 милијарди евра) што ги потрошил за лична заштитна опрема во првата година од пандемијата поради „надуени цени и неисправни производи“.

Share
Scroll to Top