Владата на Кувајт поднесе оставка пред парламентарните избори во ноември

пред 4 години

Владата на Кувајт предводена од премиерот Сабах ал-Калид ал-Сабах, денеска му достави оставка на емирот Наваф ал-Ахмад ал-Џабер ал-Сабах во пресрет на парламентарните избори во ноември, пренесува државната Кувајтска новинска агенција.

Емирот ги пофали напорите на премиерот и неговата влада во исполнувањето на нивните обврски и ја потврди својата увереност дека сегашниот кабинет ќе продолжи да ги извршува своите уставни должности и да ги заврши аранжманите за претстојните законодавни избори.

Ал- Сабах положи заклетва како нов катарски владетел на 30 септември, по смртта на емирот Сабах Четврти (91 година) кој го водеше Кувајт, производител на нафта од ОПЕК, од 2006 година и ја водеше неговата надворешна политика повеќе од 50 години.

 

Share
Scroll to Top