„Санкциите наметнати од Западот се цена за слободата и правото на независност, за правото да се биде Русија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Тој рече дека тоа се санкции бидејќи Русија не сака да свири туѓа музика, да ги жртвува своите интереси и традиционални вредности, пренесува РИА Новости.
На состанокот за развој на авиосообраќајот и воздухопловната индустрија Путин рече дека санкциите против Русија се однапред подготвени и дека во секој случај ќе бидат воведени.