Владимир Путин мора да оди во самоизолација поради коронавирусот

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин мора да оди во самоизолација откако во негова близина беше откриен случај на инфекција со коронавирус и затоа Путин нема да патува во Таџикистан оваа недела на состанок за регионалната безбедност, објави денеска Кремљ.

„Поради идентификуваниот случај на коронавирус во неговата околина, Владимир Путин мора да го почитува режимот на самоизолација одреден временски период“, велат од неговиот кабинет.

Од таму додаваат дека шефот на државата нема лично да патува на регионалниот самит во Таџикистан, туку ќе учествува преку видео конференција.

Share
Scroll to Top