Водач на шпанска нарко банда избега од затвор, распишана е потерница

Водач на шпанска нарко банда избега од затвор, распишана е потерница

пред 3 дена

Водачот на шпанската нарко банда Лос Пантоја, Хесус Хередија, не се вратил во затвор откако добил отсуство во текот на викендот, а судот во градот Кадиз распишал налог за негово апсење, објавија денеска шпанските медиуми.

Тој отслужуваше шестгодишна затворска казна за трговија со дрога, јави јавната телевизија Ртве.

Тој беше уапсен во 2020 година заедно со 40 други членови на неговата организација, а две години подоцна беше осуден на затвор од судот во Алгесирас.

Текстот Водач на шпанска нарко банда избега од затвор, распишана е потерница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top