Водечки луѓе на Пентагон поднесоа оставки откако Трамп го смени министерот за одбрана

пред 3 години

Министерството за одбрана на САД објави дека тројца највисоки функционери поднеле оставки во исклучително необичен групен егзодус, еден ден откако претседателот Доналд Трамп го разреши министерот за одбрана.

Оставки дадоа Џејмс Андерсон, одговорен за креирање политика на Пентагон, Џозеф Кернан, потсекретар во Министерството за одбрана за разузнавање и Џен Стјуарт, шеф на канцеларијата на секретарот за одбрана.

Меѓу замените е и Ентони Тата, пензиониран бригаден генерал и конзервативец кој дава потпалувачки коментари за исламот и поранешниот претседател Барак Обама.

Тато ќе го преземе креирањето на политиките во Пентагон, додека Каш Пател, поранешен соработник на пратеникот во редовите на Трамп, Девин Нунес, ќе ја преземе функцијата шеф на канцеларијата.

Измените се случија само неколку дена откако Трамп ги загуби претседателските избори, иако тој сè уште тврди дека победил на изборите.

Отпуштањето на Еспер не беше сосема неочекувано, бидејќи Трамп има навика да ги отпушта официјалните лица кои не се согласуваат со него, па затоа неговиот однос со Еспер беше затегнат уште од летото.

Еспер јавно се огради од Трамп во врска со неговите идеи за задушување протести против расизмот и полициското насилство.

Share
Scroll to Top