Вознемирувачко видео од Харков: Жена оди по улица, а недалеку од неа паѓаат проектили

пред 4 години

Олена Халушка, вработена во Центарот за борба против корупцијата на Украина, објави вознемирувачко видео на својот Твитер профил. Видеото го прикажува новото бомбардирање на Харков.

Жена во еден момент поминува низ патот носејќи торби, а потоа два проектила експлодираат на сред улица недалеку од неа. Жената од силината на ударот паднала на подот, но поминала без повреди. Набрзо се смирила и продолжила понатаму.

На видеото се гледаат уште неколку пешаци како трчаат преку коловозот.

Share
Scroll to Top