„Волстрит журнал“: Трамп подготвува санкции против Меѓународниот кривичен суд

„Волстрит журнал“: Трамп подготвува санкции против Меѓународниот кривичен суд

пред 5 часа

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува санкции против Меѓународниот кривичен суд, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски претставници и документи во кои весникот имал увид.

Според весникот, санкциите по преоден период од шест до седум месеци би забраниле речиси сите трансакции со судот.

Тоа би претставувало значително заострување на досегашниот притисок на Вашингтон врз судот, откако МКС издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Новите мерки потенцијално би можеле сериозно да го отежнат функционирањето на судот, бидејќи би му го ограничиле пристапот до трансакции во американски долари и до значителен дел од глобалниот финансиски систем, пишува „Волстрит журнал“.

Текстот „Волстрит журнал“: Трамп подготвува санкции против Меѓународниот кривичен суд е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top