Војската го обиколи и блокира парламентот во Тунис

пред 3 години

Откако тунискиот претседател ја прекина работата на парламентот и го разреши од должноста премиерот, по насилните протести предизвикани од наглиот пораст на бројот на новозаразени со коронавирусот и лошата економска состојба, припадниците на туниската армија ја опколија зградата на парламентот и го спречија претседателот да влезе.

Демонстрантите, кои претходно се судрија со полицијата, ја поздравија одлуката на претседателот Каис Сајед, извикувајќи го неговото име и веејќи државни знамиња, но критичарите го обвинуваат за преземање на власта и загрозување на кревката демократија во Тунис.

Сајед го укина имунитетот на сите членови на парламентот и најави дека наскоро ќе назначи нов премиер, со цел да се врати социјалниот мир во земјата.

Тој употреби посебна уставна мерка што му овозможува да ја преземе извршната власт и да ја замрзне работата на парламентот на неопределено време додека не се овозможи повторно нормално работење на институциите.

„Ја донесовме оваа одлука, која ќе биде на сила сè додека социјалниот мир не се врати во Тунис и додека не ја спасиме земјата“, рече Сајед во телевизиското обраќање.

Економијата во Тунис е во криза со години, а земјата неодамна повторно воведе блокада поради сериозното ширење на вирусот.

 

Share
Scroll to Top