Во австриската покраина Корушка 20 отсто заразени со британскиот вид на коронавирус

пред 3 години

Во австриската провинција Корушка, причина за околу 20 отсто од заразите со коронавирус е новиот британски вид.

Досега во таа покраина се потврдени 28 случаи на инфекција со британскиот вид на коронавирус, а уште 70 случаи се испратени на секвенцирање поради сомневање за новиот вид.

Портпаролот на покраинската влада Герд Курат истакнува дека британскиот вид „влегол“ во Корушка, каде што претежно е присутен во Горна Корушка.  Според него, инфекцијата се јавува првенствено во приватно опкружување.

На седницата на покраинскиот кризен штаб беше наведено дека проблемот е во тоа што заразените, кога се бара да ги наведат контактите, не сакаат да соработуваат, што го отежнува работењето на спречување на ширењето на новиот вид.

Share
Scroll to Top