Во Австрија годинава ниту едно лице не починало од грип

пред 4 години

Ниту едно лице не починало од грип во Австрија оваа година, а министерот за здравство на Австрија, Рудолф Аншобер, соопшти дека се појавил само еден случај на грип и тоа поврзан со влегувањето во Австрија од странство.

„Цела Европа бележи чудо што нема грип, освен Португалија, Велика Британија, Данска, Литванија и Азербејџан“, изјави Аншобер.

Тој рече дека во Австрија оваа година имало зарази слични на грип, но дека освен тековниот увезен случај, не е евидентирана активност на грип, па нема смртни случаи од овој вирус.

Во претходните години беа забележани илјадници смртни случаи за време на сезоната на грип. Така е во сезоната 2016-2017 година евидентиран е рекорден број на жртви на грип – 4.436. Една година подоцна, регистрирани се 2.851 смртни случаи од грип, во сезоната 2018-2019 имало 1.373 смртни случаи, додека 2019-2020 година имало 834 случаи.

„Мерките за заштита од коронавирус од маска до растојание и хигиената не само што ја намалија инфекцијата со овој вирус, туку за прв пат спречија бран на грип, а со тоа и голем број смртни случаи, што би претставувало дополнително оптоварување на здравствениот систем, рече Аншобер.

Share
Scroll to Top