Во Австрија зголемена смртноста кај ковид пациенти на интензивна нега

пред 3 години

Повеќе од една третина од пациентите кои се позитивни на коронавирусот а кои пристигнале на интензивна нега во болниците во Австрија, не ја преживеале болеста, пишуваат медиумите.

Околу 35% од пациентите со Ковид-19 на интензивна нега починале, покажува истражувањето на австриското министерство за здравство.

Смртноста во вториот бран е поголема кај сите возрасни групи отколку во првиот бран, се наведува од таму.

Податоците покажуваат дека од почетокот на пандемијата, 1,68 проценти од сите позитивни тестирани лица стигнале до интензивна нега поради сериозни последици од болеста.

Од ноември минатата година, таа стапка е двојно зголемена, што е поврзано со интензивниот и се позаразен британски сој на коронавирусот.

Смртноста кај луѓето во возрасната група од 50 до 64 години е зголемена.

Во првата фаза од пандемијата, до средината на април минатата година, 32 проценти од пациентите со Ковид-19 починаа на интензивна нега, и оттогаш просечниот број на смртни случаи се искачи на 36 проценти, покажуваат последните податоци.

Смртноста е зголемена особено кај луѓето на возраст меѓу 50 и 64 години а секој петти пациент на интензивна нега во таа група починал, стои во податоците од официјалните служби во таа земја.

Share
Scroll to Top