Законот за воведување задолжителна вакцинација во Австрија стапува во сила утре откако беше потпишан од претседателот и канцеларот, а беше навремено и официјално објавен.
Со стапувањето во сила на Законот, сите полнолетни граѓани со дозвола за престој во Австрија ќе мора да се вакцинираат против коронавирусот.
Од задолжителната вакцинација се ослободени само бремените жени и лицата кои не можат да се вакцинираат од медицински причини.
Во првата фаза нема да има казни до средината на март, граѓаните само ќе бидат информирани за обврската да се вакцинираат.
Австриската полиција од 16 март ќе го проверува статусот на вакцинација на граѓаните при вообичаените контроли. За непочитување на законот е предвидена глоба од 600 до 3.600 евра.
Имено, кој ќе биде „фатен“ невакциниран, доколку веднаш ја прифати казната ќе биде казнет со 600 евра, а доколку поднесе жалба ќе треба да смета на казна до 3.600 евра.
Австрија е првата земја во ЕУ која воведе универзална задолжителна вакцинација.