Во Австрија падна системот за пријавување на новозаразени

пред 2 години

Во Австрија, драматичниот скок на новозаразените лица поради ширењето на сојот омикрон доведе до пад на системот за регистрирање нови случаи на инфекција.

Австрија веќе 50 часа нема официјални податоци за дневниот број на новозаразени.

До пред три дена бројката на новозаболени се објавуваше пред пладне, а оттогаш на веб-страницата на Системот за епидемиолошка регистрација (ЕМС) може да се најдат само необработени податоци.

Според овие необработени податоци на ЕМС, пријавени се 28.582 нови случаи.

Од Министерството за здравство посочуваат дека не е завршено прочистувањето на добиените податоци.

Share
Scroll to Top