Во Белорусија уапсени речиси 350 демонстранти

пред 3 години

Белоруската полиција уапси речиси 350 демонстранти поради кршење на мерката забрана на масовни собири, се вели во соопштението на белоруското Министерство за внатрешни работи.

Се наведува дека граѓаните од внатрешноста на Белорусија не одговориле на повикот за масовни протести, додека ситуацијата во Минск била поинаква и демонстрантите се собрале и покрај предупредувањата на властите да не го сторат тоа, пренесе ТАСС.

Полицијата соопшти дека се водат истраги против демонстрантите кои давале отпор при интервенција на припадници на полициските сили и го блокирале сообраќајот на улиците во Минск.

 

Share
Scroll to Top