Во БиХ првпат над илјада нови случаи на коронавирус

пред 4 години

Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени 1.179 нови случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд и за првпат од избувнувањето на епидемијата во март, бројот на новозаболени во оваа земја е поголем од илјада.

Во последните 24 часа тестирани се нешто помалку од три илјади примероци, а вирусот е потврден кај 732 лица од Федерацијата БиХ и кај 437 од Република Српска. Десет заболени се од областа Брчко. Починале 14 лица.

Бројките потврдуваат дека поголемите градови сè уште се местата каде што инфекцијата е најраспространета, со 209 нови случаи потврдени во Сараево, 129 во Бања Лука и 102 во Мостар.

Поради постојаното влошување на епидемиолошката состојба во РС, наскоро ќе бидат воведени дополнителни ограничувања, но засега, опцијата за целосно затворање е исклучена.

Share
Scroll to Top