Во близина на Харков снимен голем руски воен конвој

пред 2 години

Сателитските снимки направени и анализирани од „Максар Технолоџис“ покажуваат десет километри долг руски воен конвој источно од Харков.

Фотографиите на „Максар“ се направени на 8 април во близина на градот Велки Бурлук, на десетина километри источно од Харков. Конвојот се движел кон југ, пишува Си-Ен-Ен.

Од „Максар“ велат дека конвојот бил составен од оклопни возила, камиони, артилерија и дополнителна воена опрема.

Медиумите потсетуваат дека по повлекувањето на руските сили од околината на Киев, се очекува дел од силите да бидат префрлени во источна Украина за да ги интензивираат руските напади таму. Не се знае точно каде оди овој конвој, се пренесува во извештаите.

Share
Scroll to Top