Најмалку 25 лица се повредени во верижна сообраќајна несреќа што се случи изутринава поради густа магла на автопатот А1, една од главните линии што ги поврзува северот и југот на Италија.
Италијанската агенција АНСА објави дека верижен судир се случил на автопатот А1 меѓу градовите Пјаченца и Парма на север, во правец кон Болоња, поради намалената видливост поради густата магла во утринските часови.
Во верижната несреќа, во која учествувале 30-ина возила, повредени се најмалку 25 лица, од кои две потешко.
Многу противпожарни екипи биле на терен и им помагале на луѓето да излезат од возилата.
Две тешко повредени лица се префрлени во болниците во Парма.
Поради несреќата, на автопатот имало колона возила долга неколку километри.
Текстот Во верижен судир на најголемиот италијански автопат повредени се 25 лица е превземен од МАКФАКС.






