Во водата имало хемиско средство за перење или одмастување: пристигнаа резултатите од шишето со кое се затру маж во Риека

Во водата имало хемиско средство за перење или одмастување: пристигнаа резултатите од шишето со кое се затру маж во Риека

пред 6 месеци

Објавени се главните резултати од прегледот на шишето од кое пиел младиот човек, кој беше отруен во Риека, пренесуваат медиумите во регионот.

Според написите, резултатите од вештачењето на течноста од чашата што ја користел повредениот според физичко-хемиски својства се поклопуваат со течноста од шишето со ароматизирниот безалкохолен пијалак што му е послужен, а со анализата е утврдено дека се работи за високоалкални водни соединенија (pH=13,6), соопшти полицијата.

„Врз основа на утврдениот хемиски состав може да се констатира дека се работи за средство за перење и/или одмастување. Во 20 неоспорни стаклени шишиња од истиот пијалак добиени во оригинално пакување утврдено е дека содржат проѕирни течности со рН од 3,5, што одговара на pH-вредностите на овие видови пијалаци.

Во врска со првиот пријавен настан на подрачјето на ПУ Загреб од 7 ноември, завршено е и вештачењето на течноста од пластичното шише со безалкохолен пијалак, при што е утврдено дека течноста од шишето има pH-вредност од 2,59, што е вообичаено и за овој вид пијалак, а во течноста не се откриени соединенија што би било невообичаено за овој вид пијалак“, се вели во соопштението на полицијата.

Текстот Во водата имало хемиско средство за перење или одмастување: пристигнаа резултатите од шишето со кое се затру маж во Риека е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top