Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се зголеми за 12.321, на вкупно 2.205.171, објави Институтот Роберт Кох (РКИ), кој објавува дневни извештаи за состојбата со пандемијата на коронавирусот во оваа земја.
Бројот на смртни случаи од последиците на Ковид-19 се зголемил за 794 вчера, на вкупно 56.546, се вели во соопштението на Институтот, пренесува Ројтерс.