Во Грција забележан најголем број на починати од Ковид-19 за оваа година

пред 3 години

Грчките здравствени власти пријавија 78 смртни случаи поврзани со коронавирусот во последните 24 часа, што е најголем дневен број на починати забележан оваа година.

Регистрирани се уште 1.955 нови случаи на инфекција, вклучително 921 во областа на Атина и 262 во Солун, пренесе „Катимерини“.

Грција има регистрирано вкупно 275.414 заразени и 8.380 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Share
Scroll to Top