Во Грција регистрирани првите случаи на новиот вид коронавирус

пред 3 години

Во Грција се откриени првите четири случаи на новиот вид коронавирус кај лица кои неодамна пристигнале од Велика Британија.

Заболените се наоѓаат во карантин, пренесува „Ројтерс“.

Се смета дека новата мутација на коронавирус откриена во Велика Британија, која се прошири низ целиот свет, е многу позаразна.

Во Грција од денеска се на сила рекстриктивни мерки кои ќе важат до 10 јануари.

Мерките вклучуваат полициски час од 21 часот навечер до 5 часот наутро, прекин на нарачките преку Интернет во малопродажните објекти и затворање на фризерските и козметичките салони.

Share
Scroll to Top