Данскиот Врховен суд осуди маж на четири месеци затвор, затоа што тој за време на рутински преглед во март минатата година, кашлал кон двајца полицајци, извикувајќи – „корона“.
Инцидентот, кој се случил кога земјата беше целосно заклучена поради вирусот, доведе до тоа сторителот да биде уапсен под обвинение за заканувачко однесување, иако подоцна беше утврдено дека тој бил негативен на Ковид-19, објави „Ројтерс“.
Човекот најпрво бил ослободен од обвинението во локалниот суд, но подоцна бил осуден во повисок суд.
На жалба до Врховниот суд против таа пресуда, обвинителите побарале затворска казна од три до пет месеци.