Хирургот Пеѓа Милошевиќ денеска изјави дека во експлозија на бомба во Цетиње се повредени пет лица, од кои двајца починале поради сериозноста на повредите – едното во болницата во Цетиње, а другото во Подгорица.
Милошевиќ за Танјуг изјави дека тројца биле донесени на операција во Цетиње, а двајца со приватен автомобил во Подгорица.
Тешко повредениот Драган Рогановиќ, како што вели, починал во болница во Цетиње и покрај големите напори на лекарите да го реанимираат.
Експлозијата се случила во 9:10 часот, а од силната експлозија испукале стаклата на зградата на Спортскиот центар. Според неофицијалните информации, убиени се припадници на озлогласениот криминален шкаљарски клан Петар Калуѓеровиќ и Драган Рогановиќ. Еден од нив починал на лице место. Според извор од полицијата, вториот подоцна им подлегнал на повредите.
Текстот Во експлозијата во Цетиње загинаа две лица, едното на операција, соопшти хирургот е превземен од МАКФАКС.