Во Европската Унија минатата година речиси 27 проценти од населението на возраст од 16 години и повеќе не можеле да си дозволат една недела годишен одмор далеку од дома, објави денес „Евростат“.
Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека овој удел се намалил за 1,5-процентен поен во споредба со 2023 година и е значително помал, за 10,6-процентни поени, отколку пред десет години, во 2014 година.
Најголем удел од населението што не можело да си дозволи една недела одмор е забележан во Романија (58,6 проценти), Грција (46 проценти) и во Бугарија (41,4 процент), пренесува „Танјуг“.
Спротивно на тоа, најмал број споменати случаи е регистриран во Луксембург (8,9 проценти од луѓето), Шведска (11,6 проценти) и Холандија (13 проценти).
Текстот Во ЕУ минатата година речиси 27 проценти од возрасните не можеле да си дозволат една недела одмор подалеку од дома е превземен од МАКФАКС.






