Русија ја нападна Украина. Во Киев одекнуваат експлозии од 4.30 часот по локално време. Советник на украинската влада вели дека руски авион бил соборен и дека биле спречени неколку ракетни напади. Украинскиот претседател ги потврди извештаите за руски ракетни напади во Киев.
Од вчера се водат жестоки борби. Руските сили напаѓаат од повеќе правци, поддржани од сепаратистите и Белорусија. Проектили паѓаат врз украинските градови, се слушаат сирени, а голем број луѓе ги напуштаат градовите.
Украина објави дека досега се убиени 137 нивни војници и цивили, а повеќе од 300 се ранети. Додаваат дека убиле околу 50 руски војници и собориле шест авиони и еден хеликоптер. Русите негираат.
Руската армија го стега обрачот околу Киев.
НАЈНОВИ ВЕСТИ:
Русите стигнаа до државните институции – Украинците повикуваат на масовна мобилизација
Украинските одбранбени сили повторно се огласија и ги повикаа сите цивили да се приклучат без разлика на нивната возраст
Снимка од радио комуникација по која загинаа 13 украински војници на остров во Црното Море
Секој војник кој го чуваше Змискиот остров на Црното Море загина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски и додаде дека постхумно ќе им оддаде почит на загинатите.
Талибанците повикаа на крај на војната во Украина: Загрижени сме за цивилите
Министерството за надворешни работи на Авганистан објави соопштение во кое се наведува дека талибанците внимателно ја следат ситуацијата во Русија и Украина и се загрижени за можни цивилни жртви.
(Видео) Руски оклопни возила во Киев, властите им порачаа на граѓаните да спремаат молотови коктели
Руски сили влегоа во главниот град на Украина. Според украинските власти, Русите влегле во населбата Оболон каде се водат борби.
An armed #Russia‘s vehicle ran over a civilian car just on the streets of Obolon district in Kyiv.#Ukraine pic.twitter.com/JgbshmBEhN
— Alexander Khrebet/Олександр Хребет (@AlexKhrebet) February 25, 2022
Зеленски: Русија сака да ме убие, јас сум цел број еден
„Според нашите информации, непријателот ме означи како цел број 1, моето семејство како цел број 2“, вели украинскиот претседател.