Во Загреб почнува масовна вакцинација

пред 3 години

Во Загреб денеска започнува масовна вакцинација против коронавирус на лица постари од 65 години.

Тимовите за вакцинација на располагање требало да имаат 16.000 дози, но раководителот на Институтот „Андрија Штампар“, Звонимир Шостар, утрово изјави дека најавените 4.000 дози на „Модерна“ сè уште не се пристигнати.

Први ќе се вакцинирааат лицата над 65 години и хронично болните лица. Најголемиот број од овие 16.000 дози во текот на оваа недела, всушност, ќе ги примаат лица постари од 80 години.

Во градот треба да има 19 пунктови за вакцинација, но некои ќе започнат да работат утре.

„Започнува масовна вакцинација, што значи дека 19 специјално назначени локации во рамките на здравствениот систем ќе ги прифаќаат оние пациенти чии матични лекари не успеваат да ги вакцинираат во текот на работното време“, изјави за N1 Мирослав Ханчевачки, директор на Здравствениот дом Загреб –  Запад.

Share
Scroll to Top