Во Израел, 14 вакцинирани лица со трета доза добиле коронавирус

пред 3 години

Според податоците на израелското Министерство за здравство, 14 лица кои ја примиле третата доза од вакцината против Ковид-19 биле позитивни на коронавирусот, објавија денеска тамошните медиуми.

Во извештајот се наведува дека две од заразените лица се хоспитализирани.

Според „Тајмс оф Израел“, се уште не е јасно кога и како тие луѓе се заразиле во однос на времето кога ја добиле третата доза од вакцината.

Од 14-те заразени по добивањето на третата доза од вакцината, 11 лица се постари од 60 години, а останатите се лица помлади од таа возраст но со намален имунитет.

Според извештајот, двајца од хоспитализираните се постари од 60 години.

Медиумите посочуваат дека ваквите примери не се доволни за медицинските работници да извлечат заклучоци за целокупната ефикасност на третата доза од вакцината во борбата против „делта-сојот“ на коронавирусот.

Откако започна примената на третата доза во Израел минатата недела, околу 420.000 граѓани се вакцинирани со неа.

Share
Scroll to Top