Во Индија 87 лица заразени со омикрон биле вакцинирани

пред 3 години

Министерството за здравство на Индија соопшти дека при анализата на 183 случаи на омикрон, утврдено е дека вакцинирани биле 87 лица, а три лица добиле и бустер-доза, пренесе агенцијата АП.

Секретарот на Министерството за здравство, Раџеш Бушан, изјави за новинарите дека Индија потврдила вкупно 358 случаи на коронавирус од 2 декември, вклучувајќи го и сојот омикрон, и дека 144 од пациентите веќе закрепнале.

Индија веќе се соочи со два силни брана на коронавирусот – во септември 2020 година и во мај оваа година.

Share
Scroll to Top