Во Ирска опаѓа бројот на заразени со коронавирус

пред 3 години

Ирска е една од ретките земји што, со воведување на ригорозни мерки, регистрираше пад на бројот на новоинфицирани со коронавирус за скоро три недели, а според последните податоци во средата имало 675 нови случаи, што е најмалку од 9 октомври.

Министерството за здравство во средата објави шест смртни случаи од Ковид-19, пренесува Ројтерс.

Владата на премиерот Мајкл Мартин минатата среда го врати највисокото ниво на ограничувања во борбата против коронавирусот и ги затвори сите продавници на шест недели, освен оние за набавка, во рестораните се служи само храна за носење, а граѓаните се ограничени да се движат на најмногу пет километри. Две недели порано, сите ресторани беа затворени, а бројот на семејни посети беше ограничен.

Share
Scroll to Top