Во Италија бројот на заразени со Ковид-19 расте се воведуваат заострени мерки

пред 3 години

Во Италија се зголемува бројот на лица кои се заразени со Ковид-19, додека земјата воведува посилни мерки за запирање на ширењето на заразата, пренесуваат светските агенции.

Вчера беа регистрирани 21.267 новозаразени со коронавирус, со што вкупниот број на лица заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата надмина 3,3 милиони.

Повеќе од 400 луѓе умираат секој ден во земјата, додека земјата се бори да го спречи третиот бран од пандемијата, поттикнат од новите поинтензивни соеви на коронавирусот.

Според Министерството за здравство, од почетокот на епидемијата во февруари 2020 година, вкупно 106.339 лица починале од Ковид-19.

Досега се распределени околу 8,1 милиони дози од вакцините, а нешто повеќе од 2,5 милиони луѓе или околу четири проценти од населението ги примиле двете дози.

Владата на Марио Драги има намера да ја удвои стапката на вакцинација на 500.000 дози на ден до средината на април во надеж дека ќе постигне колективен имунитет до крајот на летото.

Share
Scroll to Top