Италијанските весници пишуваат за случај со пациент од болницата „Сан Мартино“ во италијанскиот град Џенова, кој цели осум месеци бил позитивен на коронавирус и неодамна починал.
Како што тврди примариус доктор Матео Басети од болницата во Џенова, се работи за досега единствен таков случај во светот.
Пациентот имал и други болести, а неговиот имун систем бил ослабен. Вака долг период на зараза со коронавирус, од цели 250 дена, се уште не е забележан во светот.
„ Овој случај ни покажува уште колку многу не знаеме за Ковид-19“ рекол доктор Басети за агнецијата Анса, која пренесува дека во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 659 луѓе, а се регистрани нови 11.200 случаи.