Во Мјанмар пронајдени изгорени тела на 30 убиени цивили

пред 2 години

Повеќе од 30 луѓе, меѓу кои жени, деца и постари лица, се убиени, а нивните тела изгореле во државата Каи во Мјанмар, објавија денеска локалните медиуми и локални групи за човекови права.

Групата за човекови права Карени објави дека во близина на селото Мо Со во близина на градот Хпрусо се пронајдени изгорени тела на внатрешно раселени лица, меѓу кои и останки на жени и деца кои биле ликвидирани од воената хунта во Мјанмар, пренесува Ројтерс.

Во соопштението на воената хунта се наведува дека врз луѓето било пукано откако тие одбиле да застанат на барање на припадниците на војската.

Share
Scroll to Top