Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн предупреди дека земјата влегува во нова фаза како одговор на пандемијата на коронавирусот, бидејќи бројот на заразени почнува да се зголемува секој ден.
„За прв пат од почетокот на епидемијата, влегуваме во период во кој Нов Зеланд ќе забележи поголем број случаи на Ковид-19 во заедницата“, рече Ардерн, пренесува Гардијан.
Таа истакна дека тоа ќе биде период на неред, како и дека е свесна колку ризици ќе има.
Додаде дека тоа ќе биде искуство што досега не го доживеале.
Премиерката најави дека земјата ќе влезе во таканаречената „фаза 2“ за да се бори против омикронскиот сој на коронавирусот.
Тоа значи дека времето на домашна изолација на заразените ќе се намали, а здравствените работници повеќе ќе се потпираат на следење на контактите преку апликации и онлајн прашалници, а не на истражување на секој случај.
Исто така, се препорачува да се тестираат само луѓе кои имаат симптоми на инфекција или биле во директен контакт со заразено лице.
Речиси секој ден земјата бележи речиси рекорден број на новозаразени лица.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 981 случај на коронавирус, наспроти претходниот рекорд од 810 во неделата и 454 претходниот ден.