Во Полска нагло зголемување на нови случаи со Ковид-19, се враќаат строгите мерки

пред 3 години

Полска планира да го ограничи сообраќајот на нејзините јужни граници со Чешка и Словачка и да воведе построги ограничувачки мерки во некои од најтешко погодените региони, објави министерот за здравство Адам Ниедџиелски.

Според него, бројот на новоинфицирани со коронавирус во Полска изнесува 12.146 лица.

„Имаме многу динамичен раст од ден во ден и во споредба со минатата недела“, рече полскиот министер.

„Властите одлучија да ги ограничат пристигнувањата од Чешка и Словачка поради лошата епидемиолошка состојба во тие земји“, додаде Ниедџиелски.

„Полските власти во некои региони, особено на североистокот на земјата, планираат да вратат некои неодамна укинати ограничувачки мерки, можеби дури и затворање на хотели и училишта“, рече министерот.

Според најавите од надлежните, Полска најверојатно ќе мора да ја напушти опцијата за покривање лица во јавноста со пластични визири или шалови, што во моментов е дозволено како алтернатива на маските.

Share
Scroll to Top